Арсенал понижен на Енфилд

Саботниот дерби натпревар од 25. коло во англиската Премиер лига, пресметката помеѓу директните ривали за шампионската титула, Ливерпул и Арсенал, заврши со убедлив триумф на “црвените” од “Енфилд” од 5:1.

По два погодока постигнаа Рихам Стирлинг и Мартин Шкртел, а мрежата на Шчесни ја погоди и брзоногиот напаѓач Даниел Стариџ.

Единствениот погодок за Арсенал беше дело на шпанскиот интернационалец Микел Артета кој успешно го изведе ударот од белата точка.