Арсенал понижен на Стемфорд Бриџ

Саботниот дерби натпревар од 31. коло од англиската Премиер лига, градската пресметка помеѓу екипите на Челзи и Арсенал заврши со историски триумф на лондонските “сини” од 6:0.

Освен бразилскиот интернационалец, Оскар, кој двапати се запиша во листата на стрелци, мрежата на Арсенал ја погодија уште Самуел Ето, Еден Азард, Андрес Шурле и Мохамед Салах, а црвен картон во 17 минута доби дефанзивецот на Арсенал, Киран Ггибс иако неговиот тимски колега, Алекс Оклсеи Чембрлен намерно играше со рака.

Предводникот на Арсенал, Арсен Венгер, по лошо ќе го памети 1000 натпревар на менаџерската клупа, а неговиот тим полека но сигурно го губи чекорот во борбата за шампионската титула.