Арсенал понуди 142 милиони евра за М’бапе

Челниците на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал му понудиле на францускиот Монако неверојатни 142 милиони евра за младиот напаѓач Килиан М’бапе.

Последните денови се нагаѓа дека младата француска сензација ќе заврши во Реал Мадрид, меѓутоа Арсен Венгер не се откажува од 18-годишниот напаѓач.

Венгер сака да го искористи своето влијание што го има во Франција и да ги одоброволи М’бапе да се пресели во Лондон. Дури го наговарал таткото на фудбалерот, Вилфред М’бапе неговиот син да му даде предност на Арсенал пред Реал Мадрид, бидејќи во екипата на „топчиите“ ќе биде главна ѕвезда, додека кај „кралевите“ веројатно ќе ја грее клупата.

Арсенал во својата историја најмногу платил за Месут Езил, 50 милиони евра на Реал Мадрид во август 2013 година.

Рекорден трансфер во историјата на фудбалот досега е преминувањето на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед во август 2016 година за 105 милиони евра.