Арсенал понуди 25 милиони фунти за Џулијан Дрекслер

Англиските медиуми потврдија дека раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, пред неколку мминути испратиле нова и најверојатно последна понуда за репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на Шалке, Џулијан Дрекслер.

Најновата понуда на популарните „топчии” за 20-годишниот играч за врска изнесува 25 милиони фунти, но истата најверојатно ќе биде одбиена од челниците на германскиот бундеслигаш кои се подготвени да седнат на преговарачката маса само доколку официјлната понуда за Дрекслер не биде помала од 37 милиони евра.