Спорт

Арсенал поразен на “Емирати”

Арсенал поразен на “Емирати”

Свонси освои големи три бода на исклучително тешкото гостување на “Емирати”, а дефинитивно најзаслужен за тоа е гостинскиот голман Лукаш Фабијански кој со своите спектакуларни интервенции буквално ги фрустрираше своите поранешни навивачи.

Иако фудбалерите на Арсенал буквално играа “викторија” пред голот на Свонси, Фабијански не дозволи да биде совладан, бранејќи дури девет удари кои одеа во рамките на голот.

По многуте пропуштени шанси на “топџиите”, казната стигна во 83-та минута, кога напаѓачот на гостите, Бафетимби Гомис постигна гол кој беше признат благодарение на гол технологијата.

Со оваа победа Свонси се искачи на 8-то место во Премиер лигата, односно на само два бода од Тотенхем и евентуален пласман во Лигата на Европа за следната сезона. Арсенал пак, остана на 3-та позиција, заглавен помеѓу тимовите од Манчестер, но и со натпревар помалку од нив.