Арсенал повторно лидер, Туре највиновен за ремито во Бирмингем

Само еден бод на незгодното гостување во Бирмингем освоија фудбалерите на Ливерпул кои вината за непланираното реми мора да ја побараат во сопствените редови или поточно во катастрофалната грешка на централниот дефанзивец Коло Туре.

Ливерпул дојде во водство со среќниот погодок на Даниел Стариџ, а ВБА израмни откако Аничебе на најдобар може начин ја искорсити катастрофалната грешка на Туре.

Првенствената пресметка на „Емирати“ помеѓу екипите на Арсенал и Кристал Палас сосмеа очекувано заврши со сигурен триумф на “топчиите” од 2:0, а двата погодока беа дело на крилниот напаѓач, Алекс Окслеј Чембрлен.