Арсенал се засили со Метју Дебуши

Големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Арсенал најверојатно ќе излези како победник во трката по потписот на францускиот интернационалец од редовите на Њукасл, Метју Дебуши.

Фудбалските медиуми на Островот пред неколку часа ја пласираа информацијата дека двата клуба постигнале договор околу побараното обештетување кое нема да биде помало од 12 мил. фунти.

Најавениот трансфер и официјално ќе биде реализиран откако ќе заврши фудбалскиот Мундијал во Бразил.

Освен популарните “топчии”, голем интерес за 29-годишниот десен бек покажаа и раководните лица на најтрофејниот клуб во француската Прва лига, тимот на ПСЖ, но инвеститорот од Катар не можеше на Дебуши да му вети статус на стандарден првотимец.