Спорт

Арсенал сериозно загриза за Алексис Санчез

Арсенал сериозно загриза за Алексис Санчез

Од ден на ден се поголем и поголем е бројот на клубови ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алексис Санчез.

До пред неколку дена, најголем интерес за крилниот напаѓач на Барса покажуваа раководните лица на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, но англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе биде следната дестинација на репрезентативецот на Челзи.

За разлика од раководните лица на Јувентус кои се подготвени да одвојат околу 20 мил. евра за обештетувањето на Санчез, челниците на Арсенал демострирале подготвеност да го исплатат побараното обештетување од 25 мил. евра.