Спорт

Англиска Премиер лига Арсенал убедлив, кикс на Сити

Арсенал убедлив, кикс на Сити

Во последниот натпревар од саботната програма на англиското фудбалско првенство Арсенал со високи 5:1 го совлада Евертон, а „топчиите“ веќе по 19 минути играа имаа предност од три гола разлика.

За Арсенал во почетниот состав беа Хенрик Мкхитарјан и Пјер-Емерик Обамејанг и веднаш докажаа зошто се доведени Во 6 минута Мкхитарјан му асистираше на Аарон Ремзи за водечкиот погодок и во 74 минута за 5:1 а Ремзи погоди и во 19 минута, додека во 37 минута Обамејанг погоди за 4:0. За Арсенал стрелец уште беше Кошчиелни во 14 минута, а гостите од Ливерпул почесниот погодок го постигнаа во 64 минута преку Калверт-Левин.

Арсенал сега е на шестата позиција на табелата со 45 бодови, додека Еветон падна на десеттата со 31 бод.

Барнли успеа да му одолее на водечкиот тим во шампионатот Манчестер Сити и на својот „Тарф Мур“ стадион да извлече реми 1:1. Сити поведе во 22 минута преку бразилскиот бек Данило, а потоа неговите играчи целосно доминираа пропуштајќи безброј шанси да го решат прашањето на победникот. Но според непишаното фудбалско правило кога гол нема да се постигне дури и од половина метар пред празната мрежа, стасува казната, а на овој натпревар ја донесе Јохан Гуудминсон во 82 минута. Барнли со освоениот бод се искачи на седмото место на табелата со 36 бодови.

Киксот на „граѓаните“ го искористи градскиот ривал Манчестер Јунајтед кој со победата над Хадерсфил од 2:0 ја намали разликата од водечкиот Сити (69 бодови) на 13 бодови, и има сега 56 бода. Стрелци за „црвените ѓаволи“ беа Ромелу Лукаку во 55 и Алексис Санчез во 68 минута, кому ова му е првиот погодок во вториот настап за новиот клуб по доаѓањето од Арсенал. Хадерсфилд, пак, е на претпоследното 19-то место со 24 бодови и во групата екипи со ист толку или два бода повеќе кои ќе водат жестока битка за опстанок во Премиер лигата.

Саутемптон постигна значајна победа во оваа борба за опстанок, совладувајќи го на гости Вест Бромвич Албион со 3:2. Домашните поведоа во 4 минута преки Хегази, но потоа следеше целосен пресврт на гостите преку Лемина во 40, Стефенс во 43 и Вард-Проус во 55 минута, а Рондон во 72 минута ги врати надежите кај домашните дека можат да спасат бод. Саутемптон се искачи на 14-то место со 26 бодови, но уште е во опасната зона, а ВБА не успеа да фати приклучок со тимовите во борбата за опстанок и остана последен 20-ти со исто толку бодови.

Новакот во лигата Брајтон енд Хоув Албион со 3:1 го совлада Вест Хем. Мареј во 8 , Изквиердо во 59 и Грос во 75 минута ги постигнаа головите за домашните, а Чичарито Ернаднез во 30 минута погоди за гостите. Брајтон е на 13-то место со 27 бодови, исто на колку што остана и Вест Хем едно место погоре.

Лестер на домашен терен преку Џејми Варди поведе во 17 минута, но Во 63 минута Фернандез му донесе бод на Свонси. Лестер е 8-ми со 35 бодови, додека Свонси освои важен гостински бод во битката за опстанокот, и сега е 16-ти, едно место над зоната за испаѓање со 24 бодови.

Стоук Сити како гостин поведе преку Шаќири веќе во 5 минута, но во вториот дел за само девет минути домашниот Борнмут направи целосен пресврт со головите на Кинг во 70 и Мусет во 79 минута. Борнмут е 9-ти со 31 бод, а Стоук е сега 18-ти со истите од коло претходно 24 бодови.

Ви недела во дербито на колото се среќаваат Ливерпул и Тотенхем.