Арсенал за нијанса подобар во градската пресметка

Заостанатиот натпревар од 34. коло во англиската Премиер лига, дуелот на „Емирати” помеѓу градските ривали, Арсенал и Вест Хем, заврши со сигурен триумф на „топчиите” од 3:1.

Гостинот дојде до посакуваното водство со среќниот погодок на Мет Јарвис, а во самиот финиш од првото полувреме, Арсенал дојде до израмнување со погодокот на Лукас Подолски.
На стартот од второто полувреме, во листата на стрелци се запиша репрезентативецот на Франција, Оливие Жиру, а последниот погодок на натпреварот, повторно беше дело на крилниот напаѓач, Лукас Подолски.

„Најважно од се е погодокот кој го постигнавме во финишот од првото полувреме. Благодарение на тој погодок, ние имавме целосна контрола врз играта и врз резултатот во вторите 45 минути. Многу тешка победа, но многу важна”, изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Денеска ќе се одиграат последните два заостанати натпревари од 34. коло во англиската Премиер лига.
Најпријатното изненадување на првенствената табела, тимот на Евертон важи за голем фаворит во дуелот против гостинскиот тим на Кристал Палас, а се освен убедлива победа на Манчестер Сити во дуелот против Сандерленд ќе биде дефинирано како вистинска сензација.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.