Арсениј Јаценјук: Крим е Украина

Крим е територија на Украина и нема да има никакво признавање на така наречениот референдум, истакнал премиерот на Украина, Арсениј Јаценјук, пренесе „Интерфакс-Украина“.

„Крим е територија на украинската држава. Таму има наши граѓани. Никакво признавање на т.н. референдум нема и нема да има. И Русија се’ уште не сфака, заедно со автономијата во каква криза се вовлекоа“, рекол Јаценјук на средба со делегации од парламентите на Литванија и Полска во Киев.