Арсовска: Банките треба да бидат и кредитори

-Во бизнис секторот нема да има некои особени преместувања, затоа што таму како што знаете пристапот до финансиите во секој случај не можеме да кажеме дека е отежнат, затоа што фактичката состојба сите ја знаеме. Таа се должи на оние каматни стапки што веќе со години чекаме да се намалат на пристапни каматни стапки кои би биле за бизнис секторот. Од друга страна банките треба да ги пресметаат своите ризици и да влезат во одредени инвестиции и да се појават како кредитор кој ќе ги следи компаниите, а не само да наплаќа камати и провизии, изјави Арсовска во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Според неа, тоа што централната банка превзема некои чекори со кои што би требало да се неутрализираат негативните ефекти, кои што моменталната ситуација предвидува дека ќе ги има, е нешто кое што е нормално и амортизира за она, што и кој би бил следниот чекор.

-Секако ова беше во насока на тоа да се спречи прво настанатата паника која што ја имаше најпрвин низ населението и на оние кои не се доволно информирани за моменталните ситуации, вели Арсовска.