Арсовска: Економијата е заложник на политичката криза

-Нашата иницијална проекција со која што излеговме беше околу 3,5%, она кое што го слушнавме од гувернерот се оние проекции кои што и ние ги имаме. Меѓутоа излегува и некоја варијанта за песимистичко сценарио кое што верувам дека Македонија, бидејќи како економија во континуитет има економски раст, нема да го доживее. Од една страна, поради двигателот на економијата, а тоа се оние капитални инвестиции. Тие се константа која нема да дозволи намалување на економскиот раст. Па, затоа и не верувам дека дека она песимистичко сценарио кое што гувернерот го даде како опција, би се остварило, вели Арсовска.

Според неа, веројатно е исполнување на сценариото според кое ќе имаме добра година, водена од овие капитални и инфраструктурни проекти кои што го заживуваат градежниот сектор, а тоа, посочува Арсовска, се компаниите кои што најмногу работат и делуваат.

-Овие капитални инфраструктурни проекти се нешто што има свој циклус, свој почеток и свој крај. Двигател на секоја економија се малите и средни претпријатија кои што ги движат работите некаде и до 90 проценти. Тие имаат удел во целокупната економија на едно здраво општество кое што е поставено на нозе, каде што се стимулира растот и зголемувањето на стопанството и на здравите бизниси. Она кон кое треба да се цели е долгорочна стратегија за развој на приватниот сектор како двигател на економијата, вели Арсовска.

Таа појаснува дека средствата кои се земени потоа треба да се враќаат, тие циклуси мора да се завршат и да се стават во употреба.

Меѓутоа, дополнува, ако по нивното завршување и по нивното ставање во функција нема кој да ги користи, истиот, ќе има негативен ефект врз целокупната економија.