Арсовска: Позитивни ефекти врз вкупната економија од „Купи куќа за млади“ и КККС

Позитивни ефекти врз вкупната економија ќе имаат проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ (КККС).

Во ТВ Интервју за Лидер, претседателката на Сојузот на Стопански комори Даниела Арсовска одговара за ефектите од проектот „Купи куќа за млади“.

Кои се очекувањата и мислењата за проектот „Купи куќа за млади“?

Сојузот на стопански комори сите овие проекти ги гледа од бизнис аспект и во секој случај проектот е за поздравување бидејќи ќе го активира градежништото кое што со себе развива уште 25 други сектори. Се надеваме дека ќе има позитивни ефекти и резултати, како што имаше претходно со проектот „Купи куќа купи стан“ и ќе се обезбеди она егзистенцијално прашање за граѓаните.

Дали ќе се вклучите како Комора, поточно градежниот сектор во проектот?

Активно бевме учесници и на саемите и во претходниот проект, така и во овој проект „Купи куќа за млади“. Тоа е една насока во придвижување на градежништвото, но како што реков и на останатите сектори и проекти, како производство и трговија на градежни материјали и многу други.

Кои според вас беа ефектите и од претходниот проект „Купи куќа купи стан“

КККС имаше доста позитивни ефекти, како прв ефект е оној што се мотивираа и банките кои што пласираа кредити кои ќе бидат со пониски каматни стапки, исто така имаше доста додадена вредност за секторот градежништво, градежните компании беа активно инволвирани.

Кои ќе бидат ефектите врз вкупната економија?

Градежништвото знаеме дека има голем удел врз економскиот раст, покрај индустријата во изминатите неколку години беа двигатели, тие ќе бидат ефектите и во 2016 година, се надеваме дека компаниите ќе ги искористат овие можности.