петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 64

Арсовска : На компаниите им се потребни политичка стабилност и стабилни институции

Во Република Македонија да се води бизнис не е лесно. Има голем број предизвици, но на компаниите им се потребни пред се политичка стабилност и стабилни институции, изјави денеска претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

арсовска

Поврзани вести

На доделувањето на признанијата „Златна монета“ кои првпат им се доделуваат на успешни македонски компании, Арсовска рече дека и покрај кризата во која се наоѓа државата, компаниите изнаоѓаат начини како да го зголемат бројот на вработувањата и да ги прошират своите капацитети.

– Не е лесно да се води бизнис бидејќи нема една одредена формула која ќе каже кој е патот дo успехот. Има многу предизвици, особено во Република Македонија. Ние сме во контиунирана криза долги години наназад и затоа компаниите изнаоѓаат начини како да опстанат, да го продолжат бројот на вработувањата и да ги зголемат своите капацитети, истакна Арсовска.

Таа се надева дека на почетокот на следната година ќе бидат разгледани и реализирани сетот мерки што бизнис заедницата секоја година им ги предлага на надлежните институции со цел да се подобри бизнис климата во државата.

– Сет мерки имаме секоја година. Сега сме во застој поради моменталната ситуација и начинот на којшто функционираат институциите, но се надеваме дека од почетокот на следната година се она што го имаме доставено ќе биде анализирано, препознаено и реализирано, рече Арсовска.

На денешната свечена академија, што се одржа во Македонската опера и балет, присуствуваше и министерот за финансии Кирил Миноски.

Најчитани вести