Арсовска Томовска на Самит за иновации во Абу Даби

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, од утре, како еден од главните панелисти, ќе учествува на Самитот за навигација на глобалните предизвици со генерацијата на иновации, кој се одржува во Абу Даби, ОAЕ.

Самитот ќе ги опфати идеите за менување на доменот на авијацијата,  енергијата,  образованието и бизнисот, со цел да се потенцира трансформативната природа на новите технологии во веќе поврзаниот свет.