Арсовска Томовска се обрати на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“

 

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на регионалната конференција „ИКТ во агробизнисот“, во организација на МАСИТ (Стопанска Комора за информатички и комуникациски технологии).  Дводневната конференција се одржува со цел, да се подигне свесноста кај ИКТ секторот и агросекторот за можностите и  потенцијалот за развој и имплементација на информациско комуникациските технологии во агро комплексот во Република Македонија и регионот, во функција на остварување на подобра конкурентност и зголемена профитабилност.

Арсовска Томовска истакна дека Владата на РМ има преземено низа мерки кои се однесуваат на унапредување на земјоделската дејност, но и во однос на обезбедувањето услови за примена на современите технологии во земјоделието: „Од обезбедување на интернет и информатичка инфраструктура по пристапни цени на целата територија на РМ, преку дигитално описменување на населението, можности за финансирање на иновативни проекти во земјоделието и трансфер на технологии – преку Фондот за иновации и технолошки развој, создавање на услови за брзо и ефикасно – едношалтерско отворање на бизнис, односно агробизнис, поедноставени административни процедури за водење на агробизнисот, па се до промоцијата на земјоделската дејност и земјоделскиот бизнис преку електронските медиуми“, истакна Арсовска Томовска.

Според Министерката, организацијата и учеството на работилници, настани и конференции од ваков вид, ќе помогнат за популаризација на придобивките од примената на современите технологии во земјоделството, кое како стопанска гранка учествува со 11% во вкупниот БДП.

Исто така, имплементацијата на технолошки решенија развиени од локалните ИКТ компании ќе придонесе за раст и развој на домашната ИКТ индустрија. Проактивниот пристап на информатичките комори во развојот на оваа економска гранка треба да се примени и на другите гранки, затоа што на користењето на современите технологии во различните бизниси веќе не треба да се гледа како на можност, туку како неопходност за нивен опстанок.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.