Арсовска-Томовска: Со Законот за владино рекламирање до еднакво и недискриминирачко рекламирање

Новиот Закон за владино  рекламирање на јавните кампањи е дел од пакетот мерки за излез од кризата.  Вчера во министерството за информатичко општество се одржа брифинг на кој учествуваа не само првите луѓе на националните телевизии, туку и новинарските здруженија.

Станува збор за право законско решение кое што го регулира начинот на реализација на кој што Владата и јавните институции комуницираат и испраќаат пораки до јавноста.

Станува збор за надминување на арбитрарно, односно селективно утврдување на кој медиуми ќе бидат пласирани овие кампањи.  Нешто што до сега го правеа маркетинг агенциите, ангажирани од јавните институции и Владата и чии одлуки ги темелеа на рејтинзите на соодветните медиуми, како што се слушаност, гледаност или читаност. Но, во услови кога се работи за обраќање на Владата и јавните институции за промоција на активности, мерки или пак информирање на граѓаните, потребно е да се води сметка и да се воспостават јасни механизми и критериуми кои што ќе обезбедат овие јавни средства да се распределуваат на медиумите на еден недискриминирачки начин. Сметаме дека имаме едно солидно решение кое од една страна ќе обезбеди право на граѓаните за еднаков пристап до информации кои што и да се обезбеди предвидливост во распределбата на средствата кај медиумите, објасни министерката за Информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Целото гостување на министерката во Дневникот на Канал 5 погледнете го во продолжение: