Арсовски: Граѓаните ги загубија со евтините летови заради неспособноста на криминалната Влада на СДСМ

Владата на СДСМ удира по џебот на граѓаните со откажувањето на евтините летови на Wizz air. Заради неспособноста на криминалната Влада на СДСМ, авиокомпанијата Wizz air почна да ги откажува своите дестинации. Граѓаните од оваа есен можат да се збогуваат со евтините летови до светските метрополи. Нема повеќе евтини патувања, нема повеќе одење на гости кај своите роднини по светот, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Смешни се оправдувањата на Сугарески дека тендерот е прекинат заради тоа што одозгора на пликоата во кои што била целосната документација за тендерите, не било напишано целото име и адреса на компанијата Wizz air. Замислете ова им е оправдувањето на Владата за сериозна компанија како Wizz air која годишно врши превоз на над 1 милион патници во Република Македонија. Чудно е како на ниту еден од функционерите на СДСМ што добија грантови преку Фондот за иновации не им фалеше никакво име на пликот кога аплицираа, а токму на сериозна компанија како Wizz air и фали, рече Арсовски и додаде:

„Дали можеби ова уште еден начин да се изврши притисок од страна на СДСМ врз авиопревозникот? Што ли сака да издејствува криминалната влада на СДСМ со овој резил што и го прави на Република Македонија и нејзините граѓани? Неспособноста и хаосот во Владата на СДСМ се повеќе наликува на еден трагикомичен филм. Нема да не зачуди ако утре излезат јавно и кажат дека Wizz air ќе го заменат со МВР ТУРС, а Шекеринска ќе одвои еден од хеликоптерите од министерството што ги користи за приватни прошетки на ручеци“.

Според Арсовски, со вакви чекори Република Македонија не оди во ЕУ и НАТО, туку уназадува повеќе од 20 години наназад.

„Ова расипничко владеење на СДСМ многу ќе ги чини граѓаните, а штетите почнаа да ги трпат уште во првата година на владеењето на СДСМ. На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат“, заклучи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.