Арсовски: Младите ќе одберат реални проекти

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со трибините, кои се еден од начините со кои партијата е поблиску до граѓаните. Денеска трибина имаше Комисијата за транспорт, урбанизам и градежништво.

-Една тема која што е доста актуелна не само кај младите, можеби младите ја иницираа и актуелизираа тоа се зелените површини во градот Скопје, конкретно и во општината Аеродром. Ако се присетите на наназад изминатите години, можеби повозрасните мои сограѓани паметат дека во Аеродром на многу места имаше диви депонии. Од доаѓањето на актуелниот градоначалник Ивица Коневски многу од тие депонии беа претворени во паркови и функционални за најмладите и највозрасните да го поминуваат слободно време и да уживаат, беше речено од страна на Димче Арсовски на денешната трибина на комисијата за транспорт, урбанизам и градежништво на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски истакна дека во општина Аеродром има голема површина на зеленило. Тој додаде дека во местото каде што живее во Ново Лисиче се изградил нов ултра модерен парк во Бановина. Го спомена паркот Писта за кој кажа дека е доста препознатлив парк во Аеродром.

На младите им е потребно квалитетно образование за да можат да израснат и да се едуцираат, работно место кое што и простор каде што ќе имаат свој дом и ќе можат да основат семејство, и затоа младите ќе одберат реални проекти, истакна Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.