Арсовски: Новата влада треба да ги продолжи проектите за подобар живот на младите

Во неделата продолжија панел-дискусиите на ВМРО-ДПМНЕ по повод 27-годишнината од основањето на оваа партија, а овојпат на дискусијате под наслов „Единствени кои инвестираат за младите“ главен акцент беше ставен на младинската политика на партија и проектите кои се остварени.

Димче Арсовски дел УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека младинската програма била пишувана заедно со многу млади лица, по пат на дебати.

„Петте постулати на кои ВМРО-ДПМНЕ ја прокламира младинската политика, е дека сме единствени кои отвараме нови работни места за сите млади, единствени кои инвестираме во подобро образование за сите млади, единствени кои спроведуваме меѓународни стипендии и бесплатни можности буквално за сите млади луѓе, единствени кои имаме стратегија за нови можности, кои можат да ги искусат сите млади и единствени кои обезбедуваат младински активизам. Сите овие постулати резултираа се една огромна кампања која што беше „Македонија за младите“, преку таа кампања имаше дебати со младите од цела држава, имавме трибина во секој град, во секое населено место, во секое село каде што требаше да ги чуеме барањата на младите и заедно ја пишувавме нашата програма, односно програмата за младинската политика, пред изборите во декември“, рече Арсовски.

Напомена дека сите проекти биле спроведени со дебата, не дебата каква што ја најавува СДСМ туку вистинска дебата. Меѓу проектите кои се произлезени од дебатите се проекти за поздрав живот на граѓаните преку спортот.

„Меѓу главните постулати на нашата партија се отварање на нови работни места за младите, тука сакам да истагнам дека имавме низа проекти изминативе неколку години. Буквално она што беше како пустош оставено во 2006 година и онаа висока невработеност, од 38 проценти, со низа проекти кои ги донесовме успеавме да ја намалиме на 22,9 проценти. Би сакал да ја споменам мерката за вработување на млади лица до 29 години, мерка која отвори илјадници работни места за младите. Во странските инвестиции, голем дел од компаниите, да не кажам сите, се концентрираа на вработување на младите“, додаде Арсовски.

Рече оти за да се има квалитетен кадар за работа во земјата, мора да се инвестира и во образованието. Го спомена и проектот „Купи куќа за млади“, за кој оцени дека бил многу позитивно прифатен и на многу им помагнал да го решат прашањето за стекнување сопствен дом.

„Проектот е моментално во мирување, еден одличен проект и го охрабруваме Министерството за финансии да не бидат деструктивни, да го продолжат и во иднина, можеби да го надоградат, но во ниту еден случај не смеат да продолжат со блокирање и со укинување на мерки. Во почетокот на работата на оваа Влада, голем број мерки кои што беа започнати од ВМРО-ДПМНЕ сега се стопираат, тоа е тотално погрешна политика која што ја води СДСМ,односно нивната Влада и таа политика не не движи напред, буквално не уназадува“, посочи Арсовски.

Зборуваше и за еден од најголемите проекти за младите во Македонија, како што е вработување на сто најдобри студенти.

„Тоа е еден проект каде во директна комуникација со сите оние студенти на трибините, заедно го испишавме, тој влезе во изборната програма, тој проект треба да биде стимул за сите студенти да се борат за поквалитетно, да се борат за што повисок ранг на образовение, сакам да напоменам дека и овој проект не треба да бида укинат, бидејќи ќе биде стимул за сите оние студенти кои се посветиле на учењето, за да можат подоцна да бидат конкурентни на пазарот“, рече Арсовски.

Како дел од многуте проекти во делот од младинската политика го спомена и спортот. Дел од тие проекти се изградените спортски сали, кои се користени од учениците и сите други млади луѓе. Кажа и дека ниту една влада нема ваков акцент на спортот дадено.

„Младинската политика на ВМРО-ДПМНЕ нуди еднакви можности на сите млади луѓе во Република Македонија, буквално на сите. Деновиве е актуелно видеото по социјалните мрежи, дека членска карта на СДС е заменска лична карта, тоа не е добро за младите, бидејќи тука нема еднаквост. Ова е еден лош пример кој ни го дава СДСМ, нивната младина треба да се замисли за ова и треба да го прекинат овој начин на функционирање, кој беше ист во 90-тите години кога тие беа на власт. Загрижем сум во која насока тргна новата влада, да воведува антиреформи, а не реформи“, кажа Арсовски.