Арсовски: Тоталниот крах на земјата ќе се спречи со локалните избори

Единствена надеж за спречување на тотален крах на државата предводена од неспособноста на Владата предводена до СДСМ, се октомвриски локални избори, изјави во понеделникот на прес-конференција потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Неспособноста на Социјалдемократскиот сојуз за управување на државата не можат да ја покријат ниту 13-те советници кои ги најми Зоран Заев. Особено не кога ни тие самите не поседуваат квалитети кои би биле од корист на граѓаните на Република Македонија. На сите им е познат матниот бизнис модел по кој Зоран Заев ги водеше своите фирми, а денес ја води нашата држава“, рече Арсовски.

За премиерот Заев, Арсовски рече дека е човек кој ги исплаќа долговите кон своите сопартијци но од државната каса, односно за сметака на граѓаните.

„Зоран Башановиќ, Цветанка Ласкова, Исмет Рамадани и ред други единствено нешто кое ги поврзува не се личните квалитети туку долгот кој Зоран Заев го има кон нив. Матни ликови, подпросечни уметници и претставници од квази невладини организации станаа дел од владата и се платени директно од џебот на граѓаните“, истакна Арсовски.

Прецизираше дека 9 милиони денари годишно вкупно ќе земаат споменатите личноти кои наводно ќе го советуваат Заев за доброто на граѓаните.

„Па добро каде досега беа овие луѓе да го посоветуваат Зоран Заев за пожарите на депониите во неколку градови кои ја трујат целата Република Македонија. Каде беа овие луѓе досега да го посоветуваат Зоран Заев како да ја спречи еколошката катастрофа со шумските пожари кои уништија непроценливо природно богатство во целата држава. Дали овие луѓе излегле на терен и ги запрашале граѓаните за реалните проблеми кои ги имаат и со кои секојдневно се соочуваат или можеби уживаат на плажите во соседството со парите кои ги добиваат од џебот на граѓаните. Плата од 2.000 евра земаат клептомани како Башановиќ кој доби македонско државјанство само за да може да цица пари од државната каса. Неодговорноста на Заев во управувањето со државните пари несомнено ќе предизвика економска катастрофа, а пак неспособноста на овие луѓе се покажа во изминатиот период во катастрофалното справување на владата со проблемите со кои се соочува нашата држава“, додаде Арсовски.

Истакна и дека единствената надеж за спречување на тотален крах на државата предизвикан од неспособноста на оваа влада за граѓаните лежи во шансата која им се дава на локалните избори на 15-ти октомври да ја делегитимираат оваа пат и мат влада.

„Пат и мат влада која ѝ се потребни месец дена да го угаси пожарот во струшката депонијa. Пат и мат влада која учи да плива додека гори целата држава. Влада која сите позитивни проекти кои ги отпочна или планираше да ги започне ВМРО-ДПМНЕ ги запре на штета на граѓаните на нашата држава“, залучи Арсовски.