Балкан

Артман: Сребреница е жртвувана за мирот

Артман: Сребреница е жртвувана за мирот
Артман: Сребреница е жртвувана за мирот

Поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал, новинарката Флоренс Артман, изјави оти е уверена, врз основа на документите и разговорите, дека за настаните во Сребреница голема одговорност сносат Франција, Велика Британија и САД, јави Танјуг.

– Им беше важно да го добијат мирот по секоја цена, а таа цена е осум илјади мажи и млади момчиња од Сребреница, образложи Артман во интервју за ХРТ.

Таа изрази уверување дека тие три држави ја жртвувале Сребреница за да го принудат Слободан Милошевиќ го потпишe Дејтонскиот договор, односно да се согласи на мир, а тие ги извлекле своите војници од тој дел на БиХ.

Инаку, Артман ја објави својата втора книга која се занимава со војната во БиХ, во слободен превод „Случајот Сребреница – политичко крвопролевање“.

Со комеморација во Меморијалниот центар во Поточари утре ќе бидат одбележани 20 години од масовните убиства на бошњачко население во Сребреница, кои според обвинението на Хашкиот трибунал, ги извршиле припадници на Војската на Република Српска во јули 1995 година.