Асад и неговиот режим обвинети за воени злосторства

Меѓународната комисија, финансирана од западните држави, врз основа на официјални документи изнесени тајно од Сирија, изготвила неколку обвинителни акти за извршени воени злосторства против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, објави МИА.

Според британскиот весник „Гардијан“, Меѓународната комисија за правда и одговорност веќе изготви три обвинителни акти против сирискиот режим за злосторства против човештвото.

Комисијата продолжува да собира уште докази против сириската опозиција.

Весникот посочува дека претставените докази во обвинителните акти се засновани на сириските владини документи, изнесени незаконски од Сирија од тим од 60 сириски иследници.

Околу 500 илјади страници се изготвени од комисијата, која се обратила кон специјалните служби за да разгледаат и голем број докази за наводни злосторства извршени во Сирија од опозицијата или од џихадистички групи како Исламска држава.

Трите обвинителни акти се однесуваат на првите месеци од бунтот против режимот на Асад во 2011 година. Првиот од трите акти е насочен против Асад и против неговиот Кабинет, вториот против шефовите на сириските разузнавачки служби, обединетите во т.н. сириска Национална канцеларија за безбедност, а третиот против Комитетот за безбедност, кој има надлежност за контрола на источните и северните провинции Деир ал Зур и Рака.

Во тајно изнесените документи се гледа дека конкретните наредби за задушување на народниот бунт се давани од Дамаск до одредени провинции, пишува „Гардијан“.

Според весникот, од документите се гледа дека партијата на власт во Сирија, БААС е главниот извршител во целата земја на одлуките на режимот и оти исти видови на тортури се извршувани во различни сириски провинции, што наведува дека има политика, диригирана од центарот