Асад ја обвинува Франција дека поддржува терористички групи во Сирија

Сирискиот претседател Башар Асад ги обвини западните држави меѓу кои и Франција, дека ги „поддржуваат терористичките групи“ во Сирија. Најновите негови изјави беа дадени на средба со француска парламентарна делегација во Дамаск.

– Многу држави во регионот или западни држави, меѓу кои и Франција, продолжуваат и во моментот да го поддржуваат тероризмот обезбедувајќи политичко прикривање на терористички групи во Сирија и регионот“, изјави Асад цитиран од државни медиуми, пренесува МИА.

Претседателот имаше средба со тројца пратеници на француската десница. Во разговорите Асад наведе дека тероризмот е основна причина за страдањето на сирискиот народ како и од ембаргото за неговата држава.