Свет

Асад: Ќе заминам од власт само ако народот го побара тоа

Асад: Ќе заминам од власт само ако народот го побара тоа
Дамаск: Нема преговори за судбината на Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека ќе замине од власт само ако тоа го побара сирискиот народ, а не под притисок од Запад.

Што се однесува до функцијата претседател, тој доаѓа на власт со прифаќање од народот на избори, а ако заминува од власт, тоа го прави ако народот го побара, а не поради судот на САД, Советот за безбедност на ОН или Женевски конвенции, изјави Асад во интервју за руските медиуми.

Асад истакна дека претседателот останува на власт, ако народот сака тој да остане на власт, а во спротивно би требало брзо да се симне од власт.

Помошта од Иран, што Сирија ја снабдува со воена технологија, е клучна во борбата против тероризмот, изјави Асад, нагласувајќи дека Техеран нема воени единици во Дамск.

Асад, исто така, истакна дека коалицијата предводена од САД досега не успева да спречи ширење на групата „Исламска држава“.