Асад: Можно е договорот за прекин на огнот да биде потпишан во Прага

Сирискиот претседател Башар ел Асад изјави дека е можно потпишувањето на договор за прекин на конфликтот во Сирија да се одржи во Прага, пренесе МИА.

Се разбира, ако ги прашате Сиријците, тие ќе ви кажат дека не сакаат мировна конференција во Франција, бидејќи Франција поддржува тероризам и војна, а не мир. Кога ќе се спомене Прага, тaa ќе биде универзално прифатена, бидејќи вашата земја е во стабилна позиција, рече Асад во интервју за Чешката државна телевизија (ЧТ), кое ќе биде емитувано вечерва, а од кое синоќа беа објавени делови.

За таа можност веќе дискутираше и чешкиот претседател Милош Земан, при неговата посета на Њујорк во септември.

Земан оцени дека не би имал против да биде овозможено потпишување на декларација за примирје во Чешка, доколку договорот е склучен со претставниците на демократската опозиција, а не со терористичките организации, кои исто така војуваат во Сирија.

Асад: Меѓу бегалците има и терористи, а колку од нив не се знае

Во интервјуто…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.