Асад: Не си заминувам од власт!

Сирискиот претседател, Башар ал Асад, изјавил дека нема намера да ја напушти власта и дека тоа прашање не може да биде предмет на расправа.

„Да сакавме да се предадеме, тоа ќе го направевме на самиот почеток. Ние ја штитиме својата земја. Тоа прашање не може да биде предмет на расправа“, рекол Асад пред руските парламентарци кои дошле во посета на Дамаск пред мировната конференција за Сирија.

Запрашан за коментар во врска со повиците на Западот и опозицијата да се повлече од власт, Асад одговори дека само сирискиот народ може да одлучи кој треба да учествува на изборите.