Асад положи заклетва за нов претседателски мандат

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска положи заклетва за нов седумгодишен претседателски мандат, на церемонија што се оддржа во претседателската палата во Дамаск, која беше пренесувана на државната телевизија, јави ДПА.

Асад минатиот месец победи на претседателските избори, кои покажаа дека се уште цврсто ја држи власта и покрај тригодишната граѓанска војна во земјата.

Неговите опоненти изборите ги оценија како измама. Тие се оддржаа само во регионите на земјата кои под контрола на владините сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.