Асад сепак во трката за претседател на Сирија?

Сирискиот претседател Башар ал Асад рекол дека има значајна шанса тој да се кандидира на претседателските избори во јуни, и покрај барањата на опозицијата да поднесат оставка.

Во ексклузивното интервју за агенцијата „АФП“, Асад рекол дека не гледа причина да не се кандидира „ако постои јавна желба“, истакнувајќи дека „може да каже дека шансата за кандидатура е значајна“.

Сирискиот претседател рекол дека војната во Сирија уште долго ќе трае, иако режимот „напредува“.