Асад: Турција намерно ги игнорира терористите на ИД

Сирискиот претседател Башар Ал Асад ја обвини Турција дека „намерно ги игнорира терористите на ИД“ додека се обидуваат да ја преминат границата и да влезат во Сирија.

Асад, во интервју за американската телевизија Си Би Ес, го обвини турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган дека не го спречува преминувањето на терористите од Турција во Сирија туку и за активна поддршка на ИД.

Според неговите изјави, ИД го шири влијанието во Сирија во голема мера и поради политиката на Ердоган, кого Асад го нарекува „фанатикот на Муслимански браќа“, пренесува агенцијата Спутник.

Прашан дали верува дека Ердоган би можел да го сопре префрлањето на терористите на сириската територија, Асад одговори:

-Да, секако. Тој не само што ги игнорира терористите кои доаѓаат во Сирија, тој ги поддржува логистички и воено. Директно. Секојдневно, вели Асад.

Асад навел дека Ердоган е „некој кој страда од политичка мегаломанија и смета дека е султан на новата ера на 21-ви век“.

Сирискиот претседател во интервју говореше и за односите со САД, наведувајќи дека Дамаск одсекогаш сакал добри односи со Вашингтон.