Асад: Западот е виновен за создавањето на ИД

Сирискиот претседател Башар ал Асад го обвини Западот дека е виновен за создавањето на ИД – Исламска држава.

Можам да ви кажам дека Даеш (арапски акроним за ИД) нема природен и социјален инкубатор во Сирија, изјави Асад во интервју за италијанската телевизија РАИ, пренесува Танјуг.

Според неговите зборови, џихадистите што се тренирани во Сирија за да направат атентати во Париз и на друго место се способни за тоа „благодарение на поткрепата од Турците, Саудијците и Катарците и секако на западната политика која ги поддржуваше терористите на најразлични начини.

ИД не почна од Сирија. Почна во Ирак и претходно во Афганистан, изјави Асад цитирајќи го поранешниот британски премиер Тони Блер кој изјави дека „војната во Ирак придонела за раѓањето на ИД“.

Неговото признание претставува најважен доказ, вели сирискиот претседател.

Тој исто така рекол дека неможе да се говори за политичка транзиција во Сирија, се додека бунтовниците држат делови од Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.