Асани во посета на саемот за железници во Берлин

Генералниот директор на Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Асани присуствува на меѓународниот саем за железници InnoTrans 2014 кој се одржува во Берлин од 23 до 26 семптември.

Во рамки на својата посета на овој саем, Асани оствари средби со министрите за транспорт на Италија, Хрватска и Турција, како и со претставници од повеќе европски желенички компании на кои им ги претстави развојните проекти на МЖ-Инфраструктура.

На маргините на саемот Асани оствари средби и со директорите на државните железници на Косово, Албанија, Турција, Германија, Италија и многу други.

На овогодинешнио саем за железници пријавени се над 2758 учесници од 55 земји, кои своите производи ќе ги претставуваат во површина од 200,000 м2.

InnoTrans е меѓународна платформа во областа на железничката технологија која се одржува на секои две години и веќе е прогласен како најпрестижен саем во оваа област.