Асанж: Клинтон го организираше државниот преврат во Либија за своите политички амбиции

© EPA/ANDY RAIN

Основачот на разобличувачката организација WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж, смета дека поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон била иницијатор за државниот преврат во Либија во 2011 година поради своите политички амбиции.

Ваквата изјава на Џулијан Асанж е дадена во интервјуто за програмата „Познер“ од кој дел беше емитуван во средата на Првиот канал на руската јавна телевизија, а целото ќе биде емитувано на 30-ти октомври.

„Според сведоштвата што ги имаме, Хилари Клинтон била главниот поборник за уништувањето на Либија од страна на американската администрација. Таа сакаше да докаже дека е способна да ја уништи држава, дека таа е доволно жестока и крвожедна за да уништи цела една земја и, со таквиот впечаток, да влезе во борбата (за претседателската) со републиканците. Таа го оствари тоа, го направи. Таа уи десетици илјади луѓе. Десетици илјади поради своите политички амбиции“, вели Асанж.

Основачот на WikiLeaks, исто така, истакнува дека аналитичарите во американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и командата на Пентагон во тоа време предупредувале на последици од воените дејствија и изјавувале дека не ги планираат.

„Таа ги игнорирала овие забелешки и уби десетици илјади луѓе, што доведе до подемот на Исламската држава. Таа, исто така, придонесе и за пренесувањето на либиското оружје во Сирија, каде што започнаа сличните проблеми, Таа е високопрофесионален и многу опасен човек“, вели Асанж.

Распадот на либиската држава започна во 2011 година, кога земјите членки на НАТО ги поддржаа бунтовнциите во градот Бенгази, засилувајќи го вооружениот бунт против тогашниот либиски водач Моамер ел-Гадафи. Со масивна воздушна поддршка на авијацијата на Алијансата бунтовници по половина година го заземаа главниот град Триполи, а пота го пронајдоа и го егзекутираа Гадафги. Веднаш по неговата ликвидација, НАТО ја прекина својата воздушна кампања во оваа северноафриканска земја.

По соборувањето на власта на Гадафи во октомври 2011 година, судирите меѓу ривалските племиња во Себха се редовна појава која зад себе остава десетици мртви. Либија, каде што шеста година трае борбата за власт, досега не успеа да воспостави ред и безбедност на својата голема територија, на која беснее безвластието и крвавите судири на поранешните бунтовнички фракции, а зајакнуваат и радикалните исламистички групации како Исламската држава.

Од летото 2014 година Либија има два парламента и две влади, избраниот на општите избори парламент заседаваше во градот Тобрук а премиер на тамошната влада беше Абдула ал-Тани, а другиот на происламскиот Сеопшт национален конгрес заседаваше во Триполи, чија влада ја водеше премиерот Омар ал-Хаси.

Притоа, многу региони не ги контролираат централните власти и тие, особено на медитеранскиот брег, сé почесто паѓаат во рацете на борците на Исламската држава, а џихадистите беа зацврстени во Сирт од каде по долги борби беа истиснати од градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.