петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 0

Асанж му помага на Трамп?

Шефот на предизборната кампања на Хилари Клинтон, Џон Подеста, вчера нафрли дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, му помага на Доналд Трамп во трката за Белата куќа, пренесоа француските медиуми.

112255896

Поврзани вести

Викиликс во петокот објави илјадници информации од личниот акаунт на Подеста на „Џимејл“. Според него, еден од доказите за тоа е дека информациите се објавени во петокот вечерта, непосредно откако весникот „Вашингтон пост“ го покажа видеото на Трамп од 2005 година, во кое тој кажува навредливи работи за жените.

„Тоа не е совпаѓање. Неколку минути по излегувањето на видеото, тие одлучиле тоа да биде нивниот одговор за одвлекување на вниманието од долните нешта, кажани од Трамп“, изјави Подеста пред новинарите во авионот со кој Клинтон и нејзината екипа се враќаа во Њујорк од предизборен митинг во Мајами.

-Нема како да знаеме дали Асанж се обидел да му помогне на Трамп и дали тоа се координирани активности. Само сметам дека совпаѓањето е многу чудно и дека се случи во момент кога температурата се доближуваше до фазата на вриење, рече Подеста.

Најчитани вести