петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

ОН: Асанж да добие слобода на движење и компензација

Aсанж има право на слобода на движење како и на компензација. Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е „произволно притворен“ и итно мора да му се обезбеди слобода на движењето, официјално објави панелот на ОН.

assangeee

Последни вести

Aсанж има право на слобода на движење како и на компензација. Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е „произволно притворен“ и итно мора да му се обезбеди слобода на движењето, официјално објави панелот на ОН.

Како што јавува Би Би Си, панелот на ОН деес ја објави одлуката дека Асанж е „арбитрарно притворен“ и повика веднаш да биде ослобен.

Работната група на ОН ги повика Британија и Шведска да „стават крај на неговото лишување од слобода“.

Господинот Aсанж има право на слобода на движење како и на компензација, се наведува во соопштението.

Исто така, во соопштението се наведува дека мора да се почитува „физичкиот интегритет и слободата на движење“ на Џулијан Асанж. Панелот оценил дека до долгиот престој во притвор дошло поради немарноста на шведското обвинителство и затоа ОН ги повикува властите во Шведска повторно да ја разгледаат ситуацијата.

ОН: Асанж да добие слобода на движење и на компензација

ОН: Асанж да добие слобода на движење и на компензација

На Асанж треба да му се обезбеди безбедност и физикчи интегритет во најкарток рок да му се овозможи да го ужива своето право на слобода на движење. Работната група смета дека неговото притворување би требало колку е можно поскоро да заврши, наведува панелот на ОН.

Во соопштението се додава дека основачот на Викиликс трпел различни видови на ускратување на слободите.

Прво е притворен во затворот Вендсворт во Лондон, а потоа беше во куќен притвор, по што беше заробеник во амбасадата на Еквадор, пишува во соопштението.

Најчитани вести