АСЕАН ќе инвестира 2,5 билиони долари во инфраструктурата на државите

Десетте држави од југоисточна Азија, здружени во АСЕАН, во следните десет години ќе инвестираат 2,5 билиони (2.500 милијарди) долари во изградба на нови патишта, аеродорми и пристаништа.

Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија на чиво подрачје има 600 милиони жители, која од 2016 година ќе функционира како економска заедница со речиси идентични правила како и Европската Унија, планира крајот на оваа деценија да го пречека со вкупен заеднички БДП од над седум илјади милијарди долари.