Асфалитирање на патниот правец Ресен-Царев Двор

Започна асфалитирањето на патниот правец Ресен – Царев двор информираше во вторникот радоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.
По минатонеделното завршување на подготвителните работи насочени кон реконструкција на дел од регионалниот патен правец Ресен- Царев Двор, вчера започнаа изведбените работи за асфалтирање на овој патен правец. Се работи за делница долга 1,7 км која практично беше најоштетениот дел од патниот правец од Ресен до Царев Двор.Градежните работи ги изведува ресенската секција на ЈП Македонија Пат, а истите ќе чинат околу 7 милиони денари.

Увид на градежно-изведбените работи изврши Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, кој изрази задоволство од динамиката со која се одвиваат работите, нагласувајќи дека за десетина дена делницата ќе биде целосно реконструирана и истата ќе биде во функција пред стратот на летната туристичка сезона.