Асфалтирана улицата „ 37“ во Волково

Асфалтирана улицата „ 37“ во Волково
Асфалтирана улицата „ 37“ во Волково

По неодамнешната посета на премиерот Никола Груевски на овој дел од општината Ѓорче Петров на средбата со граѓаните им беше ветено дека улицата „ 37“ во Волково ќе биде целосно завршена во најскоро време.

Градоначалниците на  општината Ѓорче Петров Сокол Митровски и градоначалникот на градот Скопје Коце Трајановски, како секогаш почитувајќи ја одличната меѓу општинската соработка која до сега дава одлични резултати кои ги користат жителите на општината Ѓорче Петров,  веднаш превзедоа мерки проблемот кој долги години ги мачеше жителите на оваа улица но и  ветеното да биде реализирано во најкраток можен рок.

За поставувањето на канализациската линија на улицата обврските ги презеде Општината Ѓорче Петров, а градот Скопје истата ја тампонира и асфалтира на општо задоволство на триесетте семејства кои гравитираат на оваа улица која до пред некој ден беше скоро не проодна после најмали врнежи од дожд. Улицата е со должина од 280 метри и широчина од 4 метри. Работите ги изведе ЈП „ Улици и патишта“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.