Македонија

Асфалтирана улицата „Кеј 19-ти Септември“ во Прилеп

Асфалтирана улицата „Кеј 19-ти Септември“ во Прилеп

Во должина од околу седумстотини и педесет метри поставен е нов асфалтен слој на улицата „Кеј 19-ти Септември“ во Прилеп.

Претходно со градежните зафати кои се одвиваа на оваа улица беше извршена промена на канализациониот систем при што поставен е колектор на кој се поврзани латералните улички.

Градоначалникот Ристески истакна дека со  почетокот на градежната сезона асфалтирани се и улиците „Вера Циривири“ и осумдесет посто од  улицата „Тризла“ каде исто така претходно беше извршена промена на канализациона мрежа.

Реализацијата на овие градежни активности е дел од проектот „Пречистителна станица“.

Во првата фаза од реализацијата на овој проект од вкупно предвидените 23 километри канализациона мрежа променети се 19. Со ваквите градежни зафати овие сообраќајници комплетно се оспособени со подземна и коловозна инфраструктутра.

Градежните активности околу поставување на нов асфалтен слој ќе продолжат на улицата „Димо Наредникот“ која исто така беше опфатена со проектот „Пречистителна станица“.