Македонија

Асфалтирани неколку улици на гробиштата Бутел

Асфалтирани неколку улици на гробиштата Бутел

Екипите на Градот Скопје и годинава, како и во изминатите  две асфалтираа нови улици на Градските гробишта „Бутел“ со вкупна површина од 3. 200 квадратни метри. За реализација на овој градежен зафат се потрошени  3, 5 милиони денари од Буџетот на Градот Скопје, а на терен работеа екипи на ЈП„Улици и патишта“.

Исто така, Градот Скопје изврши и докомплетирање на атмосферска канализација во должина од околу 1.500 метри на улица Александар Урдаревски, покрај гробиштата Бутел, со цел при обилни дождови да не дојде до поплавување на  гробиштата.

Градот Скопје континуирано вложува во одржувањето на гробиштата, и според Програмата за одржување на градските гробишта за 2015 година се предвидени активности на сите три локации на градските гробишта, односно  во „Бутел“, „Ѓорче Петров“ и во „Камник“.