Асфалтирањето на новиот пат до населбата Сончев град при крај

Населбата Сончев град со градот ќе биде поврзана преку модерен регионален пат по кој до центарот на Скопје ќе се стига за 10 минути. Новиот пат почнува пред Сопиште, каде што се гради кружен тек, а ќе завршува кај Средно Водно. Со тоа жителите од тој реон нема да имаат потреба до Скопје да патуваат преку Припор и Кисела Вода, пишува Телеграф.мк.

Патот ќе биде широк околу седум метри и ќе има две коловозни ленти со ширина од 2,95 метри. Вкупната должина на патот ќе биде 4.400 метри, со неколку исклучувања што ќе водат до населбата.

Покрај асфалтирање, се работи и на насип на патот, тампонирање, како и на санација на појавеното свлечиште во текот на градбата. Паралелно со напредувањето на работите на патот ќе се гради и водоводната и канализациската мрежа до населбата.

Повеќе за ова прочитајте на Телеграф.