недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 8

Асистентката на папата Франциско пронајдена мртва

papa-francisco

Последни вести

Личната асистентка на папата Франциско е пронајдена мртва во својот стан во Рим.

Триесет и четиригодишната Мириам Вулу, која има еритрејско потекло била во седмиот месец од бременоста, а години наназад работела во гостинската куќа Санта Марта како рецепционерка на папата и на другите бискупи и кардинали кои таму отседнувале.

Американскиот портал Дејли Бист јавува дека полицијата се уште не ја знае причината за смртта, но една од теориите е дека во случајот е вмешан и сопругот на Мириам за кој има сомневања дека со неа се оженил за да може таа да добие државјанство.

Мириам инаку патела од тежок облик на дијабетис , па нејзината бременост била прогласена за високоризична.

Најчитани вести