Астана преплавена од садници со марихуана

Во главниот град на Казахстан, Астана во моментов растат илјадници стебла марихуана, а засадени се, верувале или не, градските власти.

Посрамените локални челници започнаа истрага зошто на местото каде што требало да има “нормално цвеќе”, сега има илјадници стебла марихуана.

Необичната ситуација ја открил жител на Астана, кој бил привлечен од чудниот мирис. Кога сфатил дека се работи за марихуана, останал запрепастен.

Михаил Малород, човекот кој ги пронашол садниците марихуана, не можел да поверува дека вакво нешто е воопшто возможно.

“Шетав по улицата кога наеднаш приметив многу убави и необични билки со силен мирис”, рекол Малород.

Marihuana1

Истрагата во моментов е насочена кон службата која е задолжена за зеленилото и уредување на истото, “Зеленстрој”.

Започната е истрага. Ако навистина се работи за марихуана, како што се пишува по друштвените мрежи, веднаш ќе биде тргната. Во моментов немаме точна информација кој ги засадил садниците, но истрагата е во тек”, соопштил преставник на компанијата “Зеленстрој”.