Магазин

Астероид денеска прелетува крај Земјата

Астероид денеска прелетува крај Земјата

Астероидот 2012 ТЦ’ ноќва ќе прелета крај земјата на растојание од 42.000 километри, соопшти американската агенција за вселенски истражувања NASA, а станува збор за растојание коешто одвај ја надминува должината на екваторот на нашата планета.

„Тоа ќе се случи на повеќе од една десетина од растојанието до Месечината и малку повеќе од височината на орбитите на некои телекомуникациски сателити“, се наведува во соопштението.

Должината на екваторот на Земјата изнесува околу 40.000 километри.

Малиот астероид, чијашто големина според оцените на научниците изнесува од 15 до 30 метри, безопасно ќе се приближи на минималното растојание, ќе прелета некаде над регионот на Антарктикот, во петок околу 7,42 часот по македонско време.

Притоа во соопштението на NASA се истакнува дека, според предвидувањата, нитуе ден од познатите астероиди не би требало да се судри со Земјата во следните 100 години.

Ова небесно тело коешто е означено како 2012 TC4 првпат беше забележано на 4-ти октомври од страна на астрономите на Опсерваторијата Pan-STARRS на Хавајските острови.