Магазин

Астероидот Florence ќе прелета крај Земјата на потенцијално опасно растојание

Астероидот Florence ќе прелета крај Земјата на потенцијално опасно растојание
© NASA

Астероидот Florence (Фиренца) со големина на помал град, најголемиот кој ѝ се приближува на Земјата во целата истораја на овие следења што ги спроведува амерканската агенција за вселенски истражувања NASA, ќе прелета на 1-ви септември на потенцијално опасно растојание, велат руските научници.

Во моментов Florence се приближува кон Земјата на седум милиони километри, што е околу 18 пати повеќе од растојанието на нашата планета до Месечината.

Потенцјално опасните астероиди започнуваат од седум милиони километри, а овој астероид се наоѓа на таа граница, вели шефот на лабораторијата за вселенски мониторинг во рускиот Државен астрономски институт Владимир Липунов. Но овој е многу голем, еден од најголемите коишто прелетуваат.

Истакнува дека постојт астероиди кои се многу поголеми, до 700 килоемтри, кои прелетуваат блиску до Земјата, но оти седум милиони километри е мала бројка според астрономските мерки.

Според рускот астроном Владимир Сурдин, приближување на Florence предизвикува интерес кај неговите колеги од целиот свет, бидејќи станува збор за уникатен настан, и толку голем астероид не бил досега проучен со доволна прецизност, а сега тоа ќе биде можно со помош на моќните радари. Сурдин тврди дека нема ништо страшно во неговото приближување, а интересот на научниците потекнува од тоа што астероидите со толкава големина летаат далеку од Земјата, а овој ќе биде првиот кој ќе се приближи.

Астероидите се интересни бидејќи ги носат во себе супстанциите од кои се состојат големите планети. Во внатрешноста на нашата планета тие се закопани на големи длабочини, а астероидите практично се тулите од кои еднаш се формирала внатрешноста на големите планети, па така со изучувањето на астероидите може да се разбере каков вид супстанции се наоѓаат во утробата на Земјата.

Научниците уверуваат дека растојанието од седум милиони километри е доволно големо, па затоа Florence не претставува особена опасност за Земјата. Според нив имајќи предвид дека растојанието е 18 пати поголемо од она меѓу Земјата и Месечината сигурно е дека ќе не’ промаши. Меѓутоа, предупредуваат дека овој астероид има орбита која одвреме-нареме се приближува до Земјата, на секои неколку илјади години, но никогаш не ја пресекува орбитата на Земјата, што значи дека не може да удри во нашата планета.

Како што претходно објави NASA, астероидот Florence ќе биде најголемиот од бројните кои се приближуваат на слично растојание до Земјата, кој е откриен со програмата на Агенцијата за откривање и следење на астероидите кои се движат околу планетата. Следењето и регистрирањето на сите познати астероиди NASA го започна во 1998 година.