Астон Вила нуди договор за Бентеке

Извршниот директор на Астон Вила, Том Фокспотенцира дека клубот ќе му понуди нов договор на напаѓачот Бентеке.

Бентеке има договор со Астон Вила уште две сезони, а се проценува дека излезната клаузула за фудбалерот изнесува близу 32 милиони фунти.

„Секако дека ќе му понудиме нов договор, тој со играта апсолутно го заслужи тоа“, вели Фокс.

„Веќе го продолживме договорот со Фабијано Делфо, а сега целта ни е да го задржиме и Бентеке“, рече искусниот Фокс.