Астон Вила пронајде замена за Бентеке

И помладиот од браќата Аје, Џордан ќе му се приклучи на повозрасниот Андре во Премиер лигата

Премиерлигашот за услугите на Аје ќе му исплати на Лориент сума во висина од 17 милиони евра, пари кои тимот од Бирмингем ги доби со продажбата на Кристијан Бентеке во Ливерпул за сума од 47 милиони евра.

23-годишниот фудбалер во следните 24 часа би требало да ги помине и медицинските прегледи, по што договорот ќе може да се официјализира, а напаѓачот да му се стави на располагање на менаџерот Тим Шервуд.

Џордан Аје одигра само една сезона во Лориент и постигна 12 погодоци. Тој во Премиерлигата ќе му се придружи на својот повозрасен брат, Андре кој на почетокот од летниот трансфер период премина во тимот на Свонси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.