среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 19

Астроизглед: Овните имаат спортска градба, Девиците едни од најубавите

gradja-tela2-1-650x396

Последни вести

Дали ѕвездите погодија и овојпат? Дали личите на описот според хороскопскиот знак?

Овните имаат спортска градба, имаат мускули и покрај вишокот на килограми. Делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Неретко имаат темен тен и рамна, густа и понекогаш црвена коса. Нивниот изглед е во склад со силата и енергијата која е карактеристична за овој знак. Не се склон кон дебелеење, а најчесто се облекуваат спортски и едноставно.

На пријатното и симетрично лице на Биковите се истакнуваат капаците, округлиот нос, полните усни и блескавиот тен. Припадниците на овој знак обично имаат и складна фигура и пропорционално тело. Килограмите рамномерно им се распоредуваат кога ќе се здебелат. Делуваат пријатно на око, а истовремено и силно. Сакаат да се облекуваат елегантно.

Близнаците се секогаш подготвени за акција. Нивното лице секогаш делува помладо од тоа што се, а очите им се истакнати. Имаат долги раце и нозе, обично се витки и високи, па затоа делуваат многу грациозно и елегантно. Припадниците на овој знак немаат истакнати мускули на половината. Сакаат да се облекуваат во различни стилови.

Раковитe е обично имаат округло лице и истакнати јаболчници, но нив ги краси и впечатиливиот нос кој не мора да биде голем, но е во специфичен облик. Брадата им е округла, косата темна и помалку ретка. Иако во младоста умеат да бидат витки, голем број од раковите се здебелуваат после 30-та година. Вратот им е обично пократок и најчесто имаат чувствителна кожа. Со својот изглед оставаат впечаток на нежна и суптилна личност.

По гривата се прочуени Лавовите, нивната густа и сјајна коса им е вистинскиот заштитен знак. Освен тоа, лавовите ги краси и широкото чело и вилица, како и убаво обликуван нос. Обично имаат силна мускулатура. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат.

Девиците, без разлика дали се мажи или жени, се поприлично витки, а зголемениот број на килограми им се покажува на рацете и стомакот. Имаат складна градба на тело и црти на лицето, поради што се сврстуваат во убави знакови. Имаат нагласени јаболчници и образи. Сакаат да носат неутрални бои и да се облекуваат елегантно.

Вагите имаат многу пријатно лице, обично во овален облик. Често се повисоки од просекот, а како појава делуваат многу софистицирано. Обично имаат впечатлива боја на очи. Долниот дел од телото им е неретко посилен од горниот, што придонесува градниот кош и половината да им се помали во споредба со останатиот дел од телото. Сакаат да се дотеруваат и да го негуваат својот изглед.

Дури и кога се слаби, Скорпиите имаат прилично силна телесна конституција. Имаат нешто пошироки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и природни очи, но и неправилен нос. Припадниците на овој знак најчесто имаат смеѓа и густа коса. Скорпиите се грижат за својот изглед, но не сакаат да делуваат нападно.

Стрелецот е најзгодниот знак во целиот зодијак. Имаат просечна висина, спортска градба, но тој природен дар може лесно да се промени поради прекумерното уживање во храната. Имаат долгнавесто лице, заоблено чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно.

Јарците делуваат невпечатливо, но се истакнуваат по тоа што се прилично коскести. Поседуваат елегантен и долг врат, како и рамена со истакнати коски. Најчесто се ниски или средна висина, а очите им се крупни и воочливи. Имаат вовлечена брада, впечатливи заби и убава насмевка. Јарците сакаат убава облека, но не сакаат да се облекуваат вулгарно.

Водолиите обично се средна висина или ниски. Имаат полно лице и светол тен. Кога се дебелеат, често добиваат подбрадок, а по 30-та година имаат проблем со килограмите. Обично имаат помали дланки и стапала, но убави нозе. Очите им се воденасти, но убави и меки крупни усни им се заштитен знак. Припадниците на овој знак не обрнуваат големо внимание на облеката.

Рибите ги краси убав тен, мека кожа и убави црти на лицето, кое нејчесто е округло или со овален облик. Имаат силна и густа коса, додека очите им се најубавата црта на лицето. Горниот дел од телото им е обично потенок од долниот кој е заоблен и широк.

Најчитани вести