Астронаут на фасадата на готска катедрала во Шпанија?!

Двете катедрали во Саламанка, Шпанија кои се изградени во период од 12 до 18 век спаѓаат меѓу мноштвото величествени градби.

Новата катедрала е изградена во периодот од 16-ти до 18-ти век во доцен готски стил.

Камените тавани на катедралата се пример за елегантно фреско-сликарство, а богатите резби во камен прикажуваат голем број на христијански митови и легенди.

Сепак, постои еден елемент кој не е на своето место, односно не одговара на времето.

Над северниот влез во катедралата, сокриен помеѓу големиот број резби може да се забележи фигура на стронаут кој лебди во вселената.

Тој седи на лист облечен во униформа, со чизми, кацига и апарат за дишење.

salamanca-astronaut-2[2]

Фотографиите од овој астронаут веќе неколку години се актуелни на интернет, а за нив има најразлични дебати. Некои сметаат дека станува збор за фотомонтажа, а други како објаснување ги нудат веќе познатите теории за вонземјаните и патувањето низ времето.

Salamanca_catedral_nueva_dragon_con_heladoТие што биле во Саламанка, најверојатно биле до катедралата за да го видат астронаутот, змејот со сладолед, жабата и другите попознати мотиви од фасадата кои што кружат на интернет.

И навистина астронаутот може да се забележи на катедралата од готскиот период, но тој не е исклесан ниту во 16-иот, ниту во 18-иот век, туку за време на реставрацијата во 1992 година.

Фигурата ја исклесал вајарот Мигуел Ромеро под надзор на Херонимо Гарсија, кој пак, бил одговорен за реставрацијата на катедралата.

Гарсија намерно побарал на фасадата да се додаде астронаутот, затоа што според неговото мислење тој претставува симбол на прогресот од 20-иот век.

Интересно е дека астронаутот не е единствениот современ симбол кој бил додаден. Има и сладолед, животни, бик, јастог и дива мачка.